„Синче мое убаво многу те сакам за тебе ќе се борам до крај“. Ова се зборовите на 25 годишната Билјана, мајка на бебето Лука од Свети Николе-пренесува ТВ 21. Лука има само две недели, но собата во која моментално спие е студена, бидејќи семејството нема дрва за да ја запали печката. Неговото шише со млеко го затекнавме полу-празно, затоа што родителите немаат пари да купат. Мајката Билјана е загрижена за здравјето на нејзиното бебе. Таа вели дека социјалната помош од 1200 денари не стасува за ништо.
„Ладно е, многу е ладно. Затоа детето го покривам со јамболија и со ќебенце, да не му студи. Го наоблекувам многу. За сите што не гледаат и ни помагаат Господ да им даде здравје, среќа љубов. Здравје да си има за другото се ќе си дојде. Дрва ни се најпотребни и стан под кирија привремено додека ни се направи нова куќа“, изјави Билјана Симонова.
Распукани ѕидови, распаднат покрив, од секоја страна дува промаја…во ваква состојба е куќарката во Свети Николе која го згрижува семејството Симонви. Променливото време, дождот и ветриот уште повеќе им ја отежнува ситуацијата. Таткото Оливер бара било каква работа само да може да купува млеко и пелени за Лука.
Повеќе ТУКА