(ВИДЕО) Бегалците повторно во судир со полицијата , шок бомби и употреба на сила

од Vladimir Zorba
160 прегледи

Повторно  ескалација и хаос на меѓуграничниот премин помеѓу Грција и Македонија. Бегалците не сакајќи да чекаат, тргнаа сами на сила на македонска територија што предизвика реакција на полицијата која е таму да спречи неконтролиран влез во земјава, пренесе А1он.

полиц мкд гр

Почна брканица како и вчера кога без дозвола група бегалци влегоа на македонска територија.

Тие со трчање се упатија кон страничните влезови каде што нема бодликава жица по што настана гужва.

Полицијата за да ги спречи испука два пати шок бомби, а со пендреци маваше по бегалците за да ги врати на меѓуграничната зона.

Видео – А1он