(ВИДЕО) БЕСА ги награди Сухби Јакупи и Бедредин Ибрахими за голем придонес во заштита на ВМРО

од Vladimir Zorba
86 прегледи

„Денеска сме тука пред музејот на ВМРО “Али Ахмети”, кој го именувавме така пред некое време, со тоа што на оваа културна институцијаа да и посветиме уште две важни артефакти за овој музеј, и генерално, за историјата на ВМРО.

Така, поради нивниот голем придонес за заштита на ВМРО, на Никола Груевски, Јохан Тарчуловски и Сашо Мијалков, поддршка која се изрази особено во состаноците на Државната Изборна Комисија, кога на коалицијата Преродба со БЕСА и беа земени две пратеници и кои и се дадоа на ВМРО, ние – форумот на млади на Движењето БЕСА – одлучивме да ги им доделиме награди „Херои на ВМРО“ двете лица кои најмногу придонесоа за овој резултат на ВМРО.

Тие се Сухби Јакупи – претставник на ДУИ во ДИК и Бедредин Ибрахими – претставник на ДПА во ДИК. Верувам дека на овој начин музејот на ВМРО „Али Ахмети“ ќе се збогати и со две важни артефакти, додека на ВМРО ќе и биде чест што нејзини заштитници не се само Македонците, туку и некои така наречени Албанци“, се вели во соопштението на БЕСА.