Пратеничката група на БЕСА размислува да го предложи бејзиниот лидер Билал Касами за Претседател на Собранието, информира Телма.

Тие сакале да преземат некаква иницијатива, за да се заврши конститутивната седница и да се избере првиот човек на Законодавниот дом.
„Беса е отворена за соработка„, вели Гаши, но во моментов не се водат разговори за составување некакво парламентарно мнозинство. Последниот посериозен контакт со СДСМ била средбата Заев-Касами пред две недели.
Синоќа, централното претседателство зазело став за три точки поврзани со пропаднатите преговори за составување Влада: принципот „победникот формира влада со победникот“ беше само алиби за безусловно споделување на власта Ахмети-Груевски, ВМРО ДПМНЕ има анти-албански ставови и не е во состојба да почитува ниту едно заедничко залагање на албанците поставено во Платформата, а ДУИ нема политички капацитет да донесе било каква одлука./извор Телма