Движењето БЕСА денеска реагираше за последните навреди кон Албанците кои се дознаа од прислушкуваните разговори објавени од СДСМ, во кои претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски и министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска ги нарекуваат Албанците „индијанци“.
Ние – другите Албанците, освен тие од ДУИ, не можеме да го надминеме тоа толку лесно. Нарекувајќи ги „идијанци“, на тој начин тие ги навредиле сите Албанци, со што ја изразиле истата расистичка омраза кон Албанците, како онаа што некогаш ја имале белците за индигените народи од Америка, т.н. индијанци. Затоа ние младите од Движењето БЕСА денес сме тука да се произнесеме јавно дека ова навреда можат да ја прифатат само тие кои немаат веќе образ за поцрвенување, тие кои не се грижат веќе зашто некој ги нарекува „шиптари“ и „индијанци“ и кои ги фаќаат „за врат“, но за нас ова е големо понижување. После ваквите расистички и нечовечки изговарања, ние бараме оставка од Вељаноски и Јанкулоска и нивно целосно повлекување од политичката сцена”-велат од БЕСА
88