(ВИДЕО) Бибер : Груевски повеќе не може да биде кредибилен партнер на Брисел и Вашингтон

од Vladimir Zorba
86 прегледи

Никола Груевски и неговите најблиски соработници не можат да бидат кредибилен партнер на Брисел и Вашингтон во иднина поради сериозните укажувања за злоупотреба на власта, вели Флоријан Бибер, професор на студиите за југоисточна Европа на Универзитетот во Грац, Австрија, еден од најчесто цитираните експерти за регионот, во интервју за емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат-М.

Emisioni-360-shkallë-29.01.2016„Не би рекол за партијата, но за врвот на раководството, за премиерот и за неговите најблиски соработници… Да, се уште не се осудени од судовите, но доказите силно сугерираат дека оваа влада не ги почитува основните демократски принципи и е вклучена во интензивна злоупотреба на позицијата. Секако, ЕУ и многу демократски влади секојдневно комуницираат со авторитарни лидери, но тоа не е тип на партнерство кон кое Македонија се стреми, туку е тип на партнерство какво што ЕУ има со Турција, Русија или други авторитарни држави со кои мора да соработува. Но, недемократска, нетранспарентна влада, со многу сериозни недостатоци, не ве прави партнер за членство во ЕУ туку партнер во ситуација кога секогаш ќе има сомнеж за вашата искреност. Така што, од македонска гледна точка, таква влада може да биде партнер што ќе се држи на дистанца, кој би се користел во ситуации на кризи со бегалци и други геостратешки прашања, но на кој нема да му биде понудено да стане дел од ЕУ или, пак, би бил перцепиран како партнер што може да има демократска влада што подразбира поинакви односи“, вели Бибер, кој му е сонародник на еврокомесарот Хан.
Според Бибер, Европската комисија, но пошироко и ЕУ, од самиот почеток направи стратешки грешки со тоа што ова го перцепираше како судир меѓу два политички кампа, а не како проблем на демократијата.
„Не станува збор за политичка криза туку за криза на институциите и на демократското владеење. Главниот позитивен придонес беше извештајот на Прибе, кој за ЕУ-стандарди беше многу јасен и транспарентен во идентификувањето на проблемите во Македонија. За жал, натамошниот развој на настаните беше позамаглен и не го вперуваше прстот онаму каде требаше како што тоа го направи извештајот на Прибе“, вели Бибер.
Тој вели дека избори беа учество на опозицијата не би решиле ништо туку, напротив, би ја влошиле.