(ВИДЕО) Битолчанец со сукало ја убил сопругата

од desk2
75 прегледи

53 годишен битолчанец е осомничен за свирепо убиство на својата 47 годишна сопруга, што се случи вчера наутро во нивниот семеен стан во Битола.


Со сукало и нанел смртоносни повреди на главата, по што околу 10 часот вчера пријавил во полиција дека по неговото кратко отсуство од дома, ја пронашол сопругата падната на подот во дневната соба облеана во крв, без знаци на живот, информира Телма.
Сепак по извршениот увид на полицијата и обвинителството, доказите упатуваат дека убиството го извршил сопругот.

-Од страна на крим техника не се констатирани траги на насилно влегување во станот, притоа подигнати се и испратени на вештачење повеќе предмети и траги, како и комплетната облека на пријавениот на која се забележани траги на крв во долниот дел на облеката, кои упатуваат и оставаат сомнеж дека пријавениот е можен извршител на делото, изјави Сања Стаматова, портпарол на СВР-Битола.

Целиот текст може да се прочита тука