Претставникот на СДСМ, Стефан Богоев, рече дека ставот на партијата е што поскоро да се свика Собранието за да може побргу да се формира владата.
![]()
– Поради деликатноста на ситуацијата во која се наоѓа Македонија во моментов, само би истакнал дека нашиот став е час поскоро да се свика Собранието на конститутивна седница, за што побргу да може да се формира новата влада бидејќи, како што видовме на минатите избори, граѓаните гласаа за промени и граѓаните очекуваат промени. Затоа би нагласил дека очекуваме Собранието што поскоро да се свика за да може новата влада да биде избрана и Македонија конечно да оди напред – рече Богоев./извори Мета видео и фото а1он