(ВИДЕО) “Бомба 20”: Ги чистеле професионалците, ја полнеле администрацијата со партиски кадри

од desk3
90 прегледи

Денеска ќе објавиме докази што ја потврдуваат поклопеноста на државата од страна на неколку луѓе-партија, изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев на почетокот на денешната прес конференција. Ќе се докаже, рече тој, зошто во извештаите на ОБСЕ/ОДИХР токму МВР е посочено како пример каде што се поклопуваат државата и партијата. Лично од Јанкуловска ќе слушнете како возниот парк во МВР е партиски возен парк на ВМРО ДПМНЕ. Ќе видите зошто и во извештајот на ОБСЕ/ОДИХР и во оној на Европската Комисија се бара одвојување на државата од партијата. Затоа што нема државен систем, се е партија. Груевски и неколкуте соработници околу него урнисале се, истакна Заев.

Со партиски кадри исклучиво под контрола и со одобрение на Никола Груевски ги преполниле полицијата, судството, обвинителството, здравството, образованието, додека луѓе професионалци кои не мислат како власта, биле исфрлени на улица. Прв извршител и кадровик во сите области на Груевски, со списочиња не само во судството, е, погодувате, Гордана Јанкулоска, изјави Заев на почетокот од објавувањето на 20-та т.н. „бомба“ на опозицијата за криминалите на власта.

Тој истакна дека доказите на денешната прес конференција ќе ја потврдат узурпацијата на се во државата од страна на ВМРО-ДПМНЕ

Ќе слушнете како функционира системот на пресметка со неистомислениците. Живко Поповски, татко на министерот Никола Поповски, го избркал претседателот на синдикат на воздухопловното претпријатието поради непослушност, ќе слушнете како факултетите се полнат со асистенти со цел се да се исчисти „да не има уште некој комуњар“, како од УБК биле тргнати сите кои поради некоја причина покажале незадоволство и решиле да тужат, како Јанкулоска лично им пресудила – рече Заев.