(ВИДЕО) Борисов: Со Груевски не зборувам, не сакам ни добар ден да му кажам, не ми се допаѓа тоа што го правел…

од desk3
85 прегледи

Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов на работната средба на партијата ГЕРБ вчера говореше и за односите со Груевски. Тој посочи јавно дека не сака да зборува со него, иако тој тоа го барал.

63948-4324342342_620_348
“И на мене не ми се допаѓа она што го прават таму, но тоа си е нивна, македонска работа. Знам дека кога Македонија усвои Јужен поток да помине од таму, преку Грција, Македонија и Србија, веднаш се појавија проблеми во овие земји. Сега, кога тие го прекинаа бегалскиот поток и беше затворен балканскиот миграциски пат, одеднаш пак проблеми таму. Кој ме познава знае дека јас со премиерот Груевски не зборувам. Избегнувам било каква средба, постојано барал – но избегнувам “, посочи Борисов.

“Факт е дека кај овие два клучни и стратешки фактот и донесени решенија, во целиот регион започнува конфликт. Тоа сум рекол, а не нешто со кое да се внесе во огромна заговор. Знам и повеќе, но тоа се неспорни факти и нека ме побие дека не е така “, посочи Борисов. Социјалдемократот Зоран ми е пријател, тој доаѓа кај мене. Односно, не можат и во партиските работи да ме обвинат дури “, додаде Борисов