(ВИДЕО) Британскиот министер Данкан: Политичарите сами да донесат одлуки

од desk2
85 прегледи

Лидерот на ДУИ Али Ахмети најпрво му кажал на британскиот министер за Европа и за Америка, Алан Данкан дека опцијата ДУИ да остане во опозиција уште е на маса заедно со можноста да влезе во новата влада, информира Телма.

Ахмети утрово во британската резиденција во Скопје разговарал со министерот Данкан и му кажал дека ДУИ ќе продолжи да игра конструктивна улога, но се наоѓа пред многу предизвици. Британскиот министер Данкан, кој дојде во Скопје како дел од неговата турнеја на Западен Балкан во момент кога во државата нема влада и политичката ситуација е напната, повтори дека нема намера да се меша во внатрешните работи и конечните одлуки треба да ги донесат македонските политичари.

-Многу уживав во посетата, мислам дека е многу важна, се обидов да се видам со сите. Ние не се мешаме во вашата политика, но сакаме да сториме се што можеме да помогнеме за иднината на Македонија што вклучува членство во НАТО и ЕУ за вашата долгорочна стабилност и безбедност. Не им давам инструкции на македонските политичари. Тие го прават изборот, не јас.

Данкан имаше средба и со претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села во ресторан во Старата скопска чаршија. Села потврди дека интересот на меѓународната заедница е Македонија да добие стабилна политичка влада. Воздржан за преговорите меѓу ДУИ и СДСМ, Села се надева дека набрзо ќе завршат и добро е што се отворени крупни прашања како употребата на албанскиот јазик.

Целиот текст можете да го прочитате тука