(Видео) Брза пита: Пенаст десерт кој ќе ве освои

од desk2
102 прегледи

Направете го овој неодолив десерт и ќе бидете воодушевени!

СОСТОЈКИ:
4 јајца
100 гр маст
100 гр маргарин
150 гр шеќер во прав
1 прашок за печиво
кора од лимон
2 кесички ванилин шеќер
400 гр брашно
1 мала шолја млеко
600 гр рендани јаболка
шеќер за јаболката по желба
100 гр мелени ореви
малку цимет
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Пенасто разматете маст и маргарин со шеќер во прав, па додајте јајца и заедно разматете. Додајте брашно со прашок за печиво, млеко, ореви и кора од лимон и изедначете.
Јаболката изрендајте ги, додајте шеќер, оставете малку да отстојат, па исцедете го сокот. Додајте малку цимет и ванилин шеќер.
Во намастен плех ставете и распоредете половина од тестото, а преку ставете јаболка и преку јаболката другата половина од тестото. Убаво израмнете и печете на 190 степени 40 минути.
Посипете со шеќер во прав измешан со ванилин шеќер.

Слични содржини