Откако САД ја искористи во Авганистан супермоќната ненуклеарна бомба GBU-43, позната како “мајка на сите бомби”, авторитетното издание Business Insider потсети дека во светот има уште помоќна бомба.

Не е изненадување дека во трката за вооружување, таа ја поседува главниот ривал на САД – Русија.
Станува збор за воздухопловна вакуумска бомба со зголемена моќност (АВБПМ), со која како што тврди весникот, располага Русија.

Неформалниот назив на ова оружје е “Таткото на сите бомби”. Освен Business Insider, и други светски изданија тврдат дека овој проектил се јавува како најмоќна ненуклеарна бомба на планетата.

Руската бомба е 4 пати полесна од својот американски аналог GBU-43, а освен тоа ја прават со нанотехнологија и затоа е 4 пати помоќна. Потсетувајќи на оваа бомба, Business Insider констатира дека САД во однон на руската бомба “во Авганистан фрлиле обична џуџе бомба”.