![]()
Митко Чавков, директорот на Бирото за јавна безбедност во вестите на Сител ја разоткри енигмата каде бил и што правел цели два часа во четвртокот, додека министерот Агим Нухиу му вртел на телефон за да итервенира и да ги спаси пратениците, медиумските работници и службите во Собранието.
„До 18 часот, 32 припадници на БЈБ беа таму, и беше зеднички констатирано дека нема опасност за нарушување на јавниот ред и мир. Јас немав сознанија дека се можни инциденти. Кога се обидувал да ме добие на телефон министерот, јас комуницирав со сите колеги да дојдат на работа, а Нухиу дојде 40 минути пред мене, јас интензивно до тогаш работев. Во 20 часот и 8 минути дојдов во Штабот и почнуваат моите наредби во Штабот за ангажирање на кордон за извлекување на пратениците и на сите внатре“, рече Чавков.
Според ова сведочење на Чавков, полициските сили кои се под негова команда не можеле да интервенираат цели два часа.
Чавков не бил подготвен за ваков инцидент зошто како што рече, 59 дена немало ниту еден инцидент. Сепак на овие протести имаше инциденти кога беа претепани новинари и во неколку наврати напаѓани медиумски екипи.
Чавков одби да одговори дали дел од маскираните напаѓачи се припадници на полицијата и рече дека тоа се испитува.
Вината ја префрла на министерот Агим Нухиу, кој, според негови сознанија знаел дека се очекува инцидент а не го известил.
Според СДСМ, целата одговорност за нападот е кај Чавков, Ѓорге Иванов и Никола Груевски./а1он