(ВИДЕО) Да не се заборави: Биографии на хероите кои загинаа спасувајќи бебе и над 1.000 луѓе

од Vladimir Zorba
95 прегледи

Пилотот и останатиот екипаж на српската армија, кои загинаа во хеликоптерска несреќа во близина на Сурчин во својата кариера спасија повеќе од 1.000 луѓе, а учествуваа во многу акции на спасувањето од Фекетиќ до поплавените во областа на Обреновац. Со нив во леталото биле лекар анестезиолог и медицински техничар вработени во Општата болница во Нови Пазар. Овие се биографиите на хероите :

Мајор Омер Мехиќ, беше еден од најискусните пилоти на Армијата на Србија со повеќе од 4.000 часа летање. Тој ги помина сите фази од инструктор до лидер на тимот за спасување. Тој спаси повеќе од 1.000 луѓе за време на лавините во Фекетиќ, минатата година, а во 2008 година преживеа пад со хеликоптер газела. Во мајските поплави ги спасуваше загрозените околу Обреновац. Тој зад себе остави сопруга и две деца.
Поплавените ги спасуваше и Иван Миладиновиќ, пробен механичар на летало, а имал над 1.000 часа на на летање Тој се занимавал со падобранство, завршил средно воено училиште и ДИФ. Тој зад себе остави сопруга и две деца.

Капетан Милован Ѓукариќ, пилот на четвртата категорија на стручно оспособени за борбената обука. Тој беше еден од најперспективните пилоти. Му предвидуваа големи достигнувања во пилотирањето и во обуката во воздухот. Тој не беше во брак.

Заставник Небојша Драјиќ, механичар-летач за двата типа на средни и повеќенаменски хеликоптер Ми-8 и Ми-17. Тој имал повеќе од 1.000 часови летање, а се занимавал и со фудбал. Тој е оженет и има две деца.

Сите загинати припадници на Армијата на Србија постојано биле наградени за учество во спасувачките операции.


Џевад Љајиќ, лекар-анестезиолог работел во хируршкиот оддел на Општата болница во Нови Пазар. Во ноќта на несреќата не требал да работи, но заменувал еден колега.

Мирослав Веселиновиќ, медицински техничар, тој, исто така, работел во болницата во Нови Пазар болница.