Демонстрантите од „Шарената револуција“ денеска ја симнаа заштитната завеса која беше поставена на Порта „Македонија“ и повторно фрлаа со боја. Белата завеса денеска беше поставена од градските служби за да не може да биде обоено ова здание од проектот „Скопје 2014“.
Симнати завесите и обоени #протестирам #шаренареволуција pic.twitter.com/LVn7E7mMXS
— META.mk (@meta_agency) May 20, 2016
Пред тоа на пат кон Собранието демонстрантите овторно ја обоија зградата на Министерството за правда.
Демонстрантите го обоија Министерството за правда #протестирам #шаренареволуција pic.twitter.com/PVtUaCYy3b
— META.mk (@meta_agency) May 20, 2016
Инаку, денеска демонстрантите носеа кукли облечени во затворски облеки. На главите на куклите беа ставени ликови на политичарите кои се помилувани од претседателот Ѓорге Иванов за можни кривични дела што се водат во Специјалното јавно обвинителство.
Пред СЈО #протестирам #шаренареволуција pic.twitter.com/7TCnc0XMNe
— META.mk (@meta_agency) May 20, 2016
