
Денис Родман стигна она што експертите го нарекуваат “првиот камен, кога е сам” при терапијата за откажување на алкохолот – односно 30 дена на целосна трезвеност и побрза да се пофали, пишува TMZ.
Тој за оваа цел објави своја слика наменета за неговите фанови, со што им се заблагодари за нивната поддршка во обновувањето и истакна дека многу луѓе се сомневаат во него. Еден од оние кој не се сомневал во неговата волја е неговиот свештеник – преподобниот Дарен Принс, кој вели: “Денис прави сé што е потребно за да се поправи и да стане подобра и здрава личност и за такво лошо момче покажува големо срце! ” Родман ја започна рехабилитацијата на 17 јануари, откако беше фатен да вози мртов пијан.