(ВИДЕО) Дескоски: Српските разузнавачи се длабоко пенетрирани во Македонија и тоа во соработка со поранешната Влада

од Vladimir Zorba
61 прегледи

Добар епилог на  непотребна драма, која има подлабоки корени од тоа што српскиот претседател сака да прикаже. Српските разузнавачки служби се длабоко пенетрирани во Макепонија и тоа во соработка со поранешната Влада, а случајот со српскиот разузнавач Горан Живаљевиќ само го докажа тоа, анализира универзитетскиот професор Тони Дескоски во интервју за ТВ24.

Дескоски вели дека политиката на Србија и Македонија се разидуваат, а колку Македонија се приближува кон НАТО, толку се прават проблеми непотребно, бидејќи Србија трпи притисок да престане да биде  фактор на нестабилност во регионот. Десковски гледа прекршување на оската Москва Белград Скопје, но и политиката воспоставена од Орбан, Вучиќ, Груевски и Ципрас. Со професорот Дескоски разговараше Душица Мрѓа.