Не е тајна дека Џиџи Адид е фитнес фанатик. Нејзината рутина за вежбање и атлетски изглед привлекуваат внимание, подеднакво како нејзините последни модни ревии, соработките со светски брендови и јавните излегувања со Зејн Малик. Беше само прашање на време кога некој огромен спортски бренд ќе ја одбере за заштитно лице, па така “Reebok” и Џиџи склучија договор, кој е всушност прв фитнес-договор за манекенката.
Брендот, кој е во сопственост на “Adidas”, денес објави дека Адид е најновиот амбасадор на “PerfectNever” кампањата, која започна во јули со Ронда Раузи. Адид ќе ја шири пораката на “Reebok” за позитивноста во врска со нашите тела и големиот број придовки кои доаѓаат од физичката кондиција.
“Вежбањето не е само физичка вежба за мене. Тоа е и ментална вежба. Ми помага да ја избегнам вревата во мојата глава. Тоа е единственото време кога мојот ум станува тивок.” изјавува Адид.
Таа често јавно зборува за оние кои го критикуваат нејзиното тело и нејзините вештини за бокс неодамна и дојдоа при рака кога беше нападната на улица и мораше да се одбрани со тупаници, па може да се каже дека ова е совршено партнерство помеѓу моделот и брендот.
https://www.youtube.com/watch?v=K7cCobtTLlo