Сакате да избегате од лошите временски услови и да започнете со вашето лето како гостин на ѕвездена двојка во сончевата Италија? Тоа е можно. Џорџ и Амал Клуни го нудат своето друштво и нивната вила за една прекрасна вечера на езерото Комо во Италија. 58-годишниот актер сподели видео на социјалните мрежи и ги повика сите да се приклучат на натпреварот. Единственото нешто што треба да го направите ако сакате да победите е да донирате средства на Фондацијата Клуни, која се бори против кршењето на човековите права низ целиот свет. Донациите започнуваат со скромни 25 долари и достигнуваат до 5.000 американски долари. Со секој долар се зголемува можноста за средба.
Фото: Ројтерс
Во видеото, Клуни се обложува на пијарот на адреса на жена си и ја опишува Амал како адвокат, кој се грижи за човековите права, професор по право и жена, која се бори за правдата во целиот свет. Себе, пак, тој се категоризира како … едноставно актер. Победникот ќе може да избере и уште еден човек, со кого ќе отиде на гости на семејството во јули. Освен вечера, ѕвездената двојка нудат и повратен билет и престој во хотел. Најсреќните ќе уживаат на традиционални италијански јадења и одбрани вина.
Amal Clooney’s husband George offers YOU the chance to join him and Amal on a double date… on Lake Como! Donations benefit the Clooney Foundation for Justice. #omaze #georgeclooney #amalclooney
Enter here: https://t.co/MvrZaLUIc1 pic.twitter.com/1Lsxn3l70I
— Omaze (@omaze) May 29, 2019
Во моментов, Амал е вклучена во тужба против исламска држава, што го става на ризик нејзиното семејство. Во едно интервју, нејзиниот сопруг сподели дека тие во моментов имаат безбедносни закани- и тие и нивните деца. Двојката доби близнаци во јуни 2017 година.