(ВИДЕО) Донатор на сперма се сретна со своите 19 биолошки деца

од Vladimir Zorba
119 прегледи

57-годишниот американски уметник Мајкл Рубино се состана со 19 деца родени како резултат на вештачко оплодување на неговото семе, објави Inside Edition.

“Кога бев донатор, се надевав дека ќе видам две или три од нив”, признава Рубино, изјавувајќи: “Го засакав секое од нив во мигот кога ги видов”.

Најголемиот дел од неговите биолошки деца се на 21 година, а  најмалото има 16 години.

11 од нив ги имаат истите сини очи како неговите. Нивните мајки живеат во 10 држави од САД и Кајманските Острови (Велика Британија).

Рубино тврди дека станал донатор не од финансиски причини, туку да им помогне на неплодните двојки да имаат потомство. За секое “дете” добил 50 долари, но уверува дека ги дал за добротворни цели.

Кога ја пополнувал анкетата во банката за сперма, уметникот објавил дека не сака да ги крие информациите за него и е подготвен да се сретне со децата, ако посакаат како што стареат.

Изданието The Orange County Register забележува дека за прв пат мајка на негово биолошко дете се сретнала со него во 2004 година. Рубини почнал да ѝ помага, да го води детето на училиште, а подоцна дури почнал да живее со нив во заеднички дом.