(ВИДЕО) Доп.зам. министер побара оставка од министерот Цветков за да имало независна истрага за скандалот со земјата и субвенциите

од desk3
127 прегледи

 

Барам оставка од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков.

Тоа е основен предуслов за да може да се обезбеди независна истрага за скандалот со злоупотребите во министерството за земјоделство.

-оставка-од-министерот-Цветков

Објаснувањето на министерството дека се води интерна истрага за случајот со раководителот на подрачната единица на министертвото во Битола, Илија Србиновски, но и за други конкретни склучени договори и случаи, дополнително го зголеми скандалот.

Договорот со кој е прекршен Законот за земјоделско земјиште е потпишан во јануари 2010 година.

(ВИДЕО) Анкетната комисија денеска остана и без сведоци и без дневен ред

Тоа значи дека цели 5 години контролата во министерството не функционирала и отвора сомнеж дека повисоки органи со години штителе незаконско работење и злоупотреби во самото Министерство.

Фрапантно е сознанието дека е можно цели 5 години раководните структури во министерството да го толерираат ова противзаконско работење на штета на земјоделците, на граѓаните.

Како дополнителен заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство барам веднаш да ми бидат доставени сите интерни истраги кои ги најави министерството.

Барам одговорност и оставка од министерот Михаил Цветков!

СДСМ ќе продолжи да ги штити интересите на граѓаните, на земјоделците.

Законот мора да се почитува, законот мора да важи за сите подеднакво.

Секој што ги прекршил законите ќе мора да одговара.