(ВИДЕО) Дрон ги сними последиците по земјотресот во Нов Зеланд

од desk3
200 прегледи

image_5872704_126

Дрон ги сними последиците по земјотресот од 7,8 степени според Рихтеровата скала, што во неделата го погоди Нов Зеланд,. После првичниот потрес, следеа десетици послаби, од кои неколку беа со сила над 6 степени според Рихтеровата скала. Две лица загинаа во земјотресот, а некои згради и патишта по источното крајбрежје беа уништени.


Премиерот Џон Ки соопшти за големи разурнувања на инфраструктурата во источните региони на земјата. “Таму владее целосна пропаст, сметам дека ќе бидат потребни неколку месеци работа, за да се врати сè”, вели Ки, откако заедно со министерот за одбрана Џери Браунли прелета со хеликоптер над источниот брег на Јужниот Остров, недалеку од епицентарот на земјотресот. Во февруари 2011 година во земјотресот со јачина од 6,3 загинаа 185 жители на градот Крајстчерч.