Блокадата на граничниот премин “Евзони” започна во понеделникот по ручекот

Грчките фармери продолжија со блокадата на границата со Македонија крај граничниот премин “Евзони”. Дрон сними кадри од високо на случувањата таму, пишува Нова телевизија.
Во 19.00 часот ќе се одржи средба на земјоделците, на која тие ќе донесат одлука за следните активности.
Блокадата на “Евзони” започна во понеделникот попладне. Движењето во двете насоки е целосно блокирано. Границата може да ја минуваат само пешацитее.
Спомнуваме дека вчера за кратко фармерите ја блокираа и границата со Бугарија крај “Промахон”.