(Видео) Дупка во должина од 200 метри се појави во Нов Зеланд

од Vladimir Zorba
80 прегледи

Огромна дупка, долга колку две фудбалски игралишта и длабока колку шесткатна зграда се отвори на фарма во Нов Зеланд. Дупката се појавила по неколкудневните обилни врнежи, во близина на градот Роторуа на Северниот остров.  Таа е долга 200 метри, а длабока 20 д0 30 метри. Причината е поврзана со последица од вулканска ерупција стара 60 000 години. Новозеландскиот вулканолог Бредли Скот изјави дека дупката е трипати поширока од која и да видел претходно.

https://www.youtube.com/watch?v=ZgXOkWZNVZg