Најмалку 20 лица загинаа, а 33 се повредени, по серијата џихадистички напади над установи во главниот град на Буркина Фасо Уагадуго. Операциите за апсење на сторителите продолжуваат, соопштува “Ројтерс”, цитирајќи го министерот за безбедност на земјата.
126 заложници беа изведени од луксузниот хотел “Сплендид”, во кој упаднаа напаѓачите со пукање и експлозиви доцна синоќа. Во операцијата на специјалните единици, завршена рано наутро, биле убиени тројца од нив – Арап и двајца црнци Африканци. “Ал Каеда во исламскиот Магреб” ја презеде одговорноста за нападот.
Специјалните единици виделе и 10 тела на терасата на соседниот кафе-ресторан. Идентитетот и националноста на жртвите се уште не е утврдена.
Во моментов тече операција во соседниот хотел “Иби”, каде се смета дека дел од атентаторите се кријат, изјави за медиумите министерот за безбедност. На силите на редот помагаат и француски единици.
Во хотелот со 4-ѕвезди “Сплендид” престојуваат претежно западни туристи, дипломати и претставници на ОН, поради што се смета дека станал мета за терористите. Во моментот на нападот таму бил и социјалниот министер на Буркина Фасо, кој е изваден неповреден. Тоа е следен терористички напад против луксузен хотел во регионот, откако напад во Мали зеде 20 жртви минатата година.
(ВИДЕО)Не се убиени сите заложници во џихадистичкиот напад од хотелот на теророт во Буркина Фасо (ВИДЕО)
Според очевидци нападот започнала со пукање и експлозии во соседниот кафе-ресторан, по што напаѓачите се забарикадирале во “Сплендид”. При освојувањето на полицијата на првите катови на хотелот избувнал пожар, соопштуваат западни медиуми.
Оваа недела на позицијата стапи новата влада на Буркина Фасо, назначена по изборот на претседателот Рог Марк Каборе во ноември. Со ова заврши комплексната политичка транзиција по соборувањето на долгогодишниот претседател Блез Компаоре.
