(ВИДЕО) Експертот Цвртила : Судирите најмногу му одговараат на Груевски!

од desk3
150 прегледи

Хрватскиот професор и експерт за геополитика Влатко Цвртила, во интервју за Дневникот на хрватската НОВА ТВ ја анализираше ситуацијата во Македонија.

7854843893423-540x274

Дали е можно дека судирите се изрежирани бидејќи тоа му одговара на премиерот Никола Груевски, баш во моментот кога Македонците и Албанците, се обединети во заеднички протести против Владата?

Кога би се обидел да одговорам на прашањето за тоа на кого најмногу му одговара – тоа е токму сегашната владејачка структура и премиерот Никола Груевски. Тој е притиснат од страна на опозицијата, но и од јавноста поради сето она што се дозна преку прислушување и другите работи кои владата ги правеше изминатите неколку години. Тој се соочи со можноста да дојде до голем притисок, можеби и предвремени избори и други настани кои би ја ослабнале неговата власт. Со оглед на сето ова, овој настан, но и сличниот што беше пред две недели – му оди во прилог нему, и тој успеа да ја консолидира својата моќ.

Дали е тоа новата Украина? Дали можеме да очекуваме македонската пролет? Дали Македонија е буре барут на Балканот?

Македонија со сегашната структура е дефинитивно буре барут, не само поради етничкиот состав – односот на мнозински и малцински народи, но е фрагментирана и политички како политичка заедница. Покрај тоа, таа беше демотивирана откако пред неколку години не доби покана за членство во НАТО. Постојните демократските институции се слаби, под апсолутна контрола на владата. Медиумите не се слободни. Тоа е авторитарна власт што предизвикува отпор на граѓаните. Оваа пролет, опозицијата ја засили и се чинеше дека имаше можност да резултира со некој вид на политички промени. Овие настани сигурно ќе го спречат тоа, но не и целосно

.
Ќе се смири ситуацијата или ќе ескалира конфликтот? Можеби надвор од границите на Македонија? Србија е во режим на подготвеност.

Овие настани не треба да се исклучат во иднина, но во Македонија, најверојатно, во наредните месеци ќе следи политика на судири меѓу опозицијата и владата, и особено меѓу јавноста, која сака да го промени тоа и да посочи дека Македонија се движи во сосема погрешна насока , дека се се влошува и дека една од најсиромашните земји во Европа и дека ако продолжи оваа ситуација, тоа може да биде катастрофално за населението и за Македонија и нејзиното постоење во иднина.

Целото интервју погледнете го на следниот линк.