(ВИДЕО) Еве како денес живее сирачето чија слика го трогна светот

од Vladimir Zorba
119 прегледи

 

Во текот на летото 2016 година малиот Омран Дакнееш стана симбол на страдањата на сириските деца.


Видеото прикажуваше дезориентирано момченце, покриено со прав и крв. Тоа беше во седечка позиција и седеше на портокалово столче во амбуланта во сирискиот град Алепо. Таа глетка ги обиколи светските медиуми и ги потресе социјалните мрежи.

По воздушен напад врз контролираниот од бунтовниците кварт “Катерџи”, Омран беше спасен од под урнатините на една од куќите во соседството. Детето не беше сериозно повредено и откако беше прегледано во болница, тоа беше пуштено. Година дена подоцна детето продолжува да живее во Алепо, се чувствува добро, а на интернет се појавија снимки на кои се гледа како тоа среќно се смешка.