Кај уапсените бандити се запленети големи количества оружје.

Федералната служба за безбедност на Русија (ФСБ) рашири снимка од апсењето на терористите, врбувани како емисари на “Исламска држава”, кои се подготвувале за терористички напади во Москва по Нова година.
На видеото вработени на специјалните служби спроведуваат операција за апсење на осомничените во стан во Дагестан.
Претходно “Рускаја Весна” соопшти дека припадници на органите на редот разбиле клетки на терористи, кои им ветиле верност на “Исламска држава”. Кај седум од уапсените биле запленети големи количества оружје и материјали за изготвување на бомби.