(ВИДЕО) Еве што и рече Доналд Трамп на Тереза ​​Меј за НАТО: “100-процентна поддршка” за Алијансата

од Vladimir Zorba
117 прегледи

Претседателот на САД, Доналд Трамп и британскиот премиер Тереза ​​Меј ја потврдија својата посветеност на НАТО по разговорите во Белата куќа, пренесе ББС.


Меј истакна “100-процентна поддршка” на Трамп за Алијансата и покрај неговите последни коментари дека ова е целосно застарена унија.
И двајцата лидери најавија дека ќе работат на зајакнување на трговските односи.


Тереза ​​Меј соопшти дека Трамп ја прифатил поканата од британската кралица Елизабета Втора за државна посета на Велика Британија кон крајот на оваа година.

Запрашан за закажаниот телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, Трамп ги отфрли претпоставките дека може да ги укине санкциите на САД против Кремљ.
“Премногу е рано да се зборува за тоа”, изјави тој за време на прес-конференцијата.

Тереза ​​Меј пак целосно го поддржа ставот на ЕУ за санкции против Русија.

“Јасно покажавме дека сакаме да видиме целосно применет договорот од Минск”, рече таа, додавајќи дека санкциите ќе продолжат додека тоа не биде постигнато.