
Ретко, се обединуваат Евреите и муслиманите во Германија. Но, по влегувањето во парламентот на антиимигрантската партија “Алтернатива за Германија” беше дочекана со загриженост и дури страв од двете малцинства, пренесуваат медиумите. Тие забележуваат промена во општеството. И тоа ги загрижува. Многу погледи се свртени кон поранешната Источна Германија. Во овие региони, “Алтернатива на Германија” доби најмногу гласови. По улиците на Дрезден сметаат дека виновникот е јасен – Ангела Меркел.
Не само во Германија главниот акцент паѓа на подемот на десничарите. Англиските и француските весници исто така пишуваат за “нарушена победа” и “сенката на екстремизмот.” Во далечната Грција тие се уште поекстремни. “Крајнодесничарите го шокираа Берлин” и “студен туш по германското гласање” беа дел од насловите во весниците и во медиумите.