358
Несовесни поединци се снимени како го уништуваат паркот на улица Есенинова во Кисела Вода, информира преку својот Фејсбук профил градоначалникот на Кисела Вода Филип Темелковски.
-Надлежните инспектори и полицијата ги идентификуваа прекршителите. Казните се високи и ќе бидат изречени во краток рок.Вложуваме многу во расчистувањето на дивите депонии. Мора да ги спречиме поединците кои ги создаваат!Благодариме на граѓаните кои ни ги доставија снимките. Само со заедничка акција и совесни граѓани кои се грижат можеме да имаме уредена општина, пишува Темелковски.
Видеото погледнете го ОВДЕ.