Граѓанското здружение „Еко герила“ од Тетово објави видео на кое се снимени луѓе како фрлаат отпад во реката Вардар. Активистите од „Еко герила“ бараат да се најдат сторителите и најстрого да се казнат.

„Село Стермни, река Вардар. Неодговорните луѓе фрлаат сѐ што можат од тракторот во реката. Ова е трагично, итно е потребна жестока реакција од полицијата. Заплена на тракторот и големи казни. Без строги санкции, нема да имаме чиста околина“ напиша граѓанското здружение Еко герила од Тетово на својата фејсбук страна.
https://www.facebook.com/ecoguerilla.mk/videos/236817943867474/