Видео: „Фемен“ го засрамија Вуди Ален на концерт во Хамбург

од desk2
157 прегледи

Активистки на „Фемен“ прекинаа концерт на џез бендот на Вуди Ален во Хамбург синоќа, откако се појавија, извикувајќи слогани и со пораки, насликани врз нивните тела, пренесува RT.

Полуголите жени сакаа да го прочитаат писмото од посвоената ќерка на Вуди Ален – Дилан Фароу. Таа обвини во 2014 година во отвореното писмо до „Њујорк тајмс“ дека нејзиниот очув, Вуди Ален посегнувал сексуално кон неа и посочи дека тоа се случило за прв пат кога била едвај седум години.

Режисерот ги негира и до денес обвинувањата со мотив дека тие доаѓаат од нејзината мајка, Миа Фароу – негова долгогодишна поранешна партнерка, со цел да го оцрни неговото име.

Тој никогаш не е даден на суд, но активистките од „Фемен“ сметаат дека тоа не ја симнува вината од него.

https://www.youtube.com/watch?v=E4BqF3292F0