
Американската пејачка Ники Минаж ги остави сите без зборови. 34-годишната пејачка се појави со разголена града на ревија од модната недела во Париз. Пред две недели провокативната изведувачка објави своја гола слика на Инстаграм, на која таа ги прикрива со раце. Во француската престолнина, таа сепак одлучи да му покаже на целиот свет – само половина од она што природата и подарила. Седејќи во првиот ред, Минаж гордо ја покажа само едната од градите, прикривајќи ги најинтимните делови со црн селотејп.