
Пропаганден џихадистички сајт објави застрашувачко видео во кое мали деца користат мечеви, за да им ги пресечат рацете на маж, а потоа го убиваат.

Егзекуторите немаат повеќе од десет години, а обвинението на жртвата е дека е шпион, пишува „Дејли мејл“.

На кадрите се гледа како осудениот маж е окован во синџири и распнат меѓу две дрвја, додека го признава престапот.

Тогаш двајца тинејџери со огромни мечеви им ги отсекуваат рацете. Потоа, еден од нив на жртвата и го сече грлото со нож.

Потоа тој чекори со својата нога кон главата на несреќникот и дава огнен говор. Видеото трае 8 минути и е објавено од џихадистите во провинцијата Хорасан.

