
На интернет се појавија први кадри од изгорената катна зграда “Гренфел Тауер” во Лондон. Автор на кадрите е 42-годишниот уметник и татко на четири деца Хасан Касии, кој во текот на неколку часа им помагал на спасувачите да вадат луѓе од изгорената зграда.
Бројот на жртвите кои загинаа во пожарот на 24-катната зграда во Лондон, достигна до 30 лица, пренесе АФП, повикувајќи се на податоци од британската полиција.
“Знаеме дека најмалку 30 лица загинале како резултат на пожарот”, објави комесар Стјуарт Кандил, додавајќи дека пожарот не се смета за “подметнат”. Хасан Касии ги снимил првите катови на зградата.



На направеното о видео се гледа дека сите скали во зградата се затрупани со ѓубре и издувни предмети за домаќинството.

Како резултат на активностите на пожарникарите сите катови се поплавени. Во меѓувреме британскиот The Sun објави табела со имињата на луѓето кои се уште не се откриени по пожарот. Објавени се и фотографии на луѓето и броевите на катовите, каде им биле становите. Според изданието исчезнати се луѓе од 11-тиот и 14-тиот и се до 23-тиот кат.

Според последните податоци 65 лица се сметаат за исчезнати или загинати како резултат на пожарот во западен Лондон.