Експлозија во станбена зграда во предградие на француската престолнина Париз. Локалните медиуми јавуваат дека сериозно настрадале два ката од зградата.
Според првичните податоци, инцидентот може да е предизвикан од истекување на гас.
На местото работат пожарникари и спасувачи. Има информации за седум повредени.