(ВИДЕО+ФОТО) Мелани Трамп ги освои Хаваите

од desk4
146 прегледи

Американскиот претседател Доналд Трамп на својата прва официјална турнеја на Азија ги посети Хаваи. Тој беше придружуван од неговата сопруга Мелани, која уште еднаш докажа зошто таа се смета за модна икона.

Првата дама беше облечена во едноставен бел фустан која беше до колена. Тој беше надополнет со тенок црн појас. Притоа Мелани Трамп носеше и стилски чевли.

Доналд и Мелани Трамп го посетија споменикот на американскиот крстосувач Аризона во Перл Харбор, Хаваи, објави ДПА.

Претседателот и неговата сопруга положија венец пред ѕидот со имињата на американската војска, кои загинале при јапонскиот воздушен напад, по кој САД се вклучија во Втората светска војна.

Потоа истурија бели ливчиња во водата во близина на споменикот.

Претходно, двојката ја посети американската Пацифичка команда.

На социјалните мрежи, шефот на државата и првата дама им се заблагодарија луѓето од Хаваи за топлото добредојде. Првата посета на официјалната турнеја на претседателот Трамп во Азија е Јапонија.