(ВИДЕО+ФОТО) Откриeна првата црна кутија од паднатиот руски патнички авион што се урна во близина на Москва

од desk4
161 прегледи

Спасувачите кои работат во областа на авионската несреќа во Раменскииот регион од Подмосковјето, ја откриле првата црна кутија на урнатиот патнички авион Ан-148. Потрагата по другите црни кутии продолжуваа. Во меѓувреме беше соопштено дека остатоци од второ летало во реонот не се откриени и со тоа се демантира верзијата на небото имало судир меѓу хеликоптер на руските пошти и патничкиот авион. Оваа информација беше демантирана и од самата служба. Од таму велат дека не располагаат со хеликоптери.

Во меѓу време роднините на загинатите патници од патничкиот авион на Саратовската авиокомпанија Ан-148, кој се урна во Подмосковјето, се во шок.

Судејќи од кадрите снимени на аеродромот во Орск, роднините кои го чекаат летот од Москва, веќе знаат за трагедијата.


На аеродромот веќе има лекари и психолози кои работат со роднините на загинатите. Сведоците велат дека на никој не му е дозволено да биде во салата каде што се очекува пристигнување на остатоците од жртвите. Некои од учесниците имаат хистерични реакции.

Потсетуваме дека патничкиот авион на Саратовската авиолинија исчезна од радарите веднаш по полетувањето од аеродромот “Домодедово” во Москва.

Во авионот имаше 71 лице. Сите загинаа. Според една верзија, авионот се судрил со руски хеликоптер за поштенски услуги. Случајот се испитува, но тој беше демантиран.