(ВИДЕО+ФОТО) Пеколот се врати на островот Суматра

од desk4
95 прегледи

Вулканот Синабунг на индонезискиот остров Суматра оваа недела исфрли лава и моќен столб од блескав пепел, кој високо се издигна во атмосферата. Ова е најсилна ерупција за годинава, изјави денеска претставник на локалните власти, пренесува Франс прес.

Пепелта и чадта го исполнија воздухот, создаде непријатности за илјадници жители во околината, а од опасната зона беше евакуирано локалното населени при што никој не настрада посериозно, посочи Сутопо Пурво Нугрохо, портпарол на службата за заштита од стихијни катастрофи.

Ерупцијата во средата – е најмоќната за годинава, ако зборуваме за тековите од лава и површина покриена со пепел, која што ги  уништи посевите на стотици фармери, истакна тој. Денес, од вулканот бил исфрлен еден куп топол пепел кој достигнал до 4 километри во височина, но помалку отколку во средата, додаде Nugroho. Вулканот Синабуан се наоѓа во северниот дел на островот Суматра, на 60 километри од Медан. Неговата височина е 2460 метри.

Тој велгол во подолг период на ерупции и тоа од 2013 година, па наваму. Инаку, најмалку 400 години тој бил во мирување, а е меѓу 129-те активни вулкани во Индонезија чиј архипелаг се наоѓа во т.н. пацифички огнен прстен, појас со висока сеизмичка активност, потсетува АФП .