(ВИДЕО+ФОТО) Пет лица повредени во експлозија во Истанбул

од Vladimir Zorba
86 прегледи

istanbul-napad-860x680

Пет лица се повредени во експлозија пред полициска станица во Истанбул, соопшти гувернерот Васип Сахин.

Иако првично беше објавено дека станува збор за автомобил, гувернерот подоцна на „Твитер“ напиша дека во нападот е употребен мотоцикл-бомба.

Експлозијата оштетила неколку возила и ги искршила прозорците на околните згради.

Полициската станица се наоѓа во квартот Јенибоса, источно од истанбулскиот меѓународен аеродром „Ататурк“.

Весникот „Милијет“ јавува дека пред станицата имало голем број луѓе.

На местото на нападот пристигнале голем број возила на итната помош.

Турција во изминатите месеци е погодена од серија подметнати експлозии, за што турските власти ја обвинуваат Курдската работничка партија.