
Во гоеламата авионска трагедија во Иран, на локалните медиуми е распространет виедо клио на кој е забележан лет од авион од истиот тип и на иста возраст, кој летеал на иста релацијат Техеран-Јсуџ на кој патувал денеска урнатиот. На клипот се гледа дека летот е над планински гребен, што е доста ниско. Во оваа ситуација, според експертите, ако еден од моторите можеби не рабптел тогаш понатамошниот лет бил смртоносен – пилотите едноставно не успеале да го издигнат доволно високо и да го избегнат ударот на падините.
Верзијата дека причината за несреќата може да е дефект на еден од моторите на авион е една од главните причини. Се соопштува дека патници пред полетувањето пишувале дека имало технички проблеми со авионота. Иранските извори објавија дека првиот лет на АТР авионот бил во 1993 година. Потоа по многу години бил приземјен во Шираз. Неодамна, на авионот повторно му било дозволено да лета, но претходно му биле направени ремонтни зафати.

Роднините на загинатите во денешната авионска несреќа во Иран пристигнуваат на аеродромот Мех Абад.

Во Техеран исто така роднини чекаа информации за патниците во авионот, кој се урна.

Роднините тагуваат за своите загинати мили лица.
#BREAKING
Feb 18 – Yasuj airport, #Iran
More footage of grieving families of passengers aboard the Tehran-Yasuj plane awaiting news about their loved ones. pic.twitter.com/7Kuy2BYOFB— Heshmat Alavi (@HeshmatAlavi) February 18, 2018
Последната порака на патникот за летот на смртта вели: “Господи, помилуј, помилуј ги нашите души”.

Први фотографии на некои од загинатите во авионската несреќа.

Лија и Таха Данеџи – децата на неврологот д-р Абдулхади Денаши – беа со урнатиот авион и патувале со мајка си. Претходно, беше информирано дека само едно дете починало.

Последната слика на Алиреза Џамеи пред да се качи во авионот и да загине во несреќата.

Професори од Универзитетот во Азад, кој почина во несреќата.
