(ВИДЕО+ФОТО) Прашање е на време кога ќе се случи најлошото во Мосул – опасноста, пострашна и од атомска бомба

од Vladimir Zorba
139 прегледи

Ѕидот на браната “Мосул” се заканува да се урне и да убие над 1 милио лица.


Инженери и експерти алармираат дека само “прашање е на време” кога 13-километарскиот ѕид на браната “Мосул” во Ирак ќе се сруши, со што ќе предизвика еколошка катастрофа, која може да убие над 1 милион лица, а уште милиони да останат без вода и електрична енергија, пренесува “Индипендент”.
Браната Мосул се наоѓа на 60 километри од контролираниот град од “Исламска држава”. Со помош на неа има акумулирано околу 11 милијарди кубни метри вода.

Бетонската брана е изграден во 1980 година и се покажува проблематичен уште од својата изградба, бидејќи земјата под неа е нестабилна.

Во сите овие 36 години од изградбата морале да бидат пополнети дупките кои се појавувале под бетонот, за да не се сруши.

Инженерскиот извештај подготвен од американски експерти во 2006 година, наведуваат дека браната во Мосул е “најопасната во светот”.

Објектот станува уште понестабилен, откако во 2014 година “Исламска држава” ја презема контролата над градот, а за некое време и на браната. Тогаш скоро сите од 1500-те работници бегаат, а терористите уништуваат голем дел од нивната опрема.

“Тоа е само прашање на време. Кога ѕидот ќе се урне, а штетите ќе бидат полоши од оние по атомска бомба”, рече професор Недир ал-Ансари, дел од катедрата за животна средина на Универзитетот на Лилео во Шведска, за телевизијата “Ал Џезира “.

Истражувањето од 2015 година на Научниот центар на ЕУ покажа дека дури и помали нарушувања во интегритетот на ѕидот – околу 25% од неа, би имале катастрофални нарушувања: 100 метарската бран ќе го проголта Мосул заедно со луѓето, со борбените околопни возила, зградите автомобилите и токсичните супстанции од нафтените рафинерии.

ОН предвидува дека ако тоа се случи, 4 милиони луѓе ќе останат без дом, а за да биде доставени помош до луѓето, ќе бидат потребни 2 недели.

Во моментов италијанска компанија врши поправки на ѕидот во вредност од 300 милиони. долари, но несигурноста во реонот го прави завршувањето на работата многу тешко.