Милијардерот го направи својот прв лет како претседател на САД.

Доналд Трамп и неговото семејство пристигнаа во Вашингтон. Од авионот прво излегоа најблиските од семејството на новоизбраниот претседател, а прв беше неговиот син Барон. Тој беше проследен со Доналд Џуниор и неговата сопруга Ванеса со нивните пет деца. Ерик Трамп и Лара беа следните. По нив од авионот излегоа Иванка и Џаред Кушнер со трите деца.
Тифани Трамп беше последното дете кое го напушти авионот проследена со браќата и сестрите на Доналд. Момент подоцна од авионот излегоа Доналд и Мелани. Доналд покажа со рацете на сите кои дошле да го пречекаат.
Во четвртокот наутро кордонт на новоизбраниот претседател беше виден како се оддалечува од Кулата Трамп и се упатува кон неговиот нов дом на 1600 Pennsylvania Avenue.
Минути подоцна кордонорт пристигна на аеродромот “Лагуардија”, каде Трамп се качи на првиот државен лет. Милијардерот леташе со својот приватен авион за последен пат вчера.
Се очекува Трамп да положи цвеќе пред споменикот на незнајниот јунак на националните гробишта Арлингтон. Потоа тој ќе зборува пред Меморијалниот центар Линколн. По завршувањето на говорот ќе има огномет и концерт.
Трамп ќе положи заклетва како претседател во петокот.
Откако тој веќе не е обичен граѓанин, кордонът на Трамп беше придружуван од две амбулантни возила, голем број џипови и мотори кои тргна од Кулата Трамп.
Пристигнувајќи на Лагуардија, Трамп се качи на Ер Форс Оан – авионот кој го превезува претседателот на САД.
Полетувањето на најважниот авион машина во САД предизвика големи одложувања на останатите летови на аеродромот.