(ВИДЕО+ФОТО) Путин слета во Истанбул

од Vladimir Zorba
86 прегледи

Рускиот шеф на државата ќе се сретне со претседателите на Турција и Венецуела.

1476096470-1

Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин пристигна во Истанбул, каде што ќе учествува на специјална седница на Светскиот енергетски конгрес и каде ќе одржи билатерални средби со својот турски колега Реџеп Таип Ердоган и претседателот на Венецуела Николас Мадуро, јавува РИА Новости.

Светскиот енергетски конгрес се одржува во турскиот град од деветти до 13 октомври. Се очекува дека инволвираните земји на форумот ќе разговараат во текот на одделните состаноци и преговораат за ситуацијата со цените на нафтата.

Според претходната изјава на портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, Путин и Ердоган ќе разговараат за прашања поврзани со нормализацијата на руско-турските односи, потсетуваат агенциите. Исто така, тие ќе разменат мислења за актуелни регионални и светски прашања, како на прво место е темата за ситуацијата во Сирија.