(ВИДЕО+ФОТО) Селена Гомез освои награда, но радоста беше заменета со солзи, зошто…

од desk4
154 прегледи

Во Лос Анџелес се одржа церемонијата на доделувањето на наградите Билборд – Жени во музиката, во кои Селена Гомез ја доби титулата Жена на годината.

И покрај фактот дека неодамна американската пејачка ја обнови врската со Џастин Бибер, Гомез дојде на церемонијата со нејзината најдобра пријателка Франсис Рајс, која нејзе и подари бубрег и на тој начин и го спаси животот на светската пејачка.

Девојките беа заедно во текот на целата вечер и позираа пред камерите. На церемонијата Селена Гомез победи во номинацијата Жена на годината, но кога се искачи на сцената, нејзината радосна насмевка беше заменета со солзи.

Многу благодарам на сите. Искрено, оваа награда најмногу ја заслужува Франсис, бидејќи таа ми го спаси животот.

Пејачката се сврте кон својата пријателка и ја врачи нејзината награда, а тоа таа не беше помалку емоционално.

Ова лето Селена Гомез претрпе комплицирана операција на трансплантација на бубрег, а донаторот беше нејзината најдобра пријателка, актерката Франсис Рајс, која таа ја нарече своја сестра и нејзе и се заблагодари за несебичната постапка.

Пејачката откри дека од 2015 година боледува од автоимуна болест. Болеста го разорува имунолошкиот систем, кој е наменет да го штити организмот од инфекции, туѓи тела и ткива, и по грешка оваа болест ги напаѓа сопствените ткива и органи на телото, при што се создаваат автоантитела најчесто против сврзното ткиво на организмот. Тоа предизвикува систематски воспаление што ги оштетува ткивата и органите.