Температурите и таму паднаа под нулата

Силните снежни врнежи ги направија многу тешки условите за живот во бегалскиот камп во Катерини, Грција, пренесе “Руптли”. Температурите паднаа под нулата, а снегот ги покри шаторите во кои престојуваат 250 бегалци.
Локалните власти почнаа да ги пренесат луѓето од кампот во Катерини во оној во Солун.