(ВИДЕО+ФОТО) Среден прст за неонацистите – покажа германскиот заменик-канцелар Зигмар Габриел

од Vladimir Zorba
87 прегледи

1471423410-57b412f3c461881b2b8b4583

Германскиот заменик-канцелар Зигмар Габриел беше пофален, но и критикуван откако покажа среден прст на крајнодесничарски демонстранти(неонациси), пренесоа американските медиуми. Видеото е пуштено синоќа на интернет и на него јасно се забележува како Габриел прави гест кој не може да го занемарар неонацистите од централниот германски град Залцгитер.

Кадрите укажуваат дека десетина крајнодесничарски демонстранти со плакати на кои се упатуваат обвиненија против канцеларката Ангела Меркел дека е “предавник на својата раса” и при што се величи починатиот татко на Габриел, кој бил убеден нацист.

Отпрвин лидерот на левоцентристичката Германска социјалдемократска партија се смее на демонстрантите, по што им покажува среден прст и им врти грб. Во социјалните медиуми некои луѓе го критикуваа однесувањето на Габриел, но многумина го пофалија за реакцијата.