
Товарен воз излета од шините во саботата во западниот дел на Романија. Во инцидентот загинаа машиновозачот и неговиот помошник.
Возот е минувал по мост крај западниот град Петрошани кога железничката композиција излета од шините. По несреќата е прекинато движењето по железничката линија.
Претставник на Романските железници (CFR), цитиран од РИА-Новости, раскажа дека се превртени 14 товарни вагони, а неколку висат на крајот на мостот. За случајот се води истрага.